Дома Останати Ракомет Силва ја одведе Португалија во Токио па ја покажа тетоважата посветена на Кинтана

Силва ја одведе Португалија во Токио па ја покажа тетоважата посветена на Кинтана

Вчера во супер драматична завршница Португалија ја победи Франција и се пласираше на Олимписките игри во Токио.

Голот во последните моменти од натпреварот беше дело на Руи Силва. Португалскиот национален тим овој триумф го посвети на Алфредо Кинтана кој неодамна почина од срцев удар. Силва беше посебно погоден од трагедијата па на својата рака го истетовира ликот на неговиот голем пријател.

„Трчаше со мене, шутираше со мене и постигна гол за мене. Одиме во Токио заедно и ќе продолжиме да пишуваме историја. Денес и секогаш ќе биде за тебе“, напиша Силва на неговиот Инстаграм профил поставувајќи фотографија од тетоважата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ќе биде тешко: Еве кои земји се тркаат за ЕП кое и Македонија сака да организира!

Македонија е меѓу 11-те европски земји кои официјално покажаа интерес за организација на Е…