Дома Фудбал Лига на шампиони Силва нема дилеми: Вечерва се среќаваат најдобрите напади на планетава!

Силва нема дилеми: Вечерва се среќаваат најдобрите напади на планетава!

Денес стартува Лигата на шампионите и веќе во првиот ден имаме вистински спектакл, се сретнуваат Ливерпул и Пари Сенжермен.

Ливерпул ги има Салах, Мане и Фирмино, додека на другата страна ќе напаѓаат Нејмар, Мбапе и Кавани, па капитенот на „светците“, Бразилецот Тиаго Силва е убеден дека вечерва ќе се сретнат екипите со најсилен напад.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Не се сомневам дека вечерва ќе гледате натпревар помеѓу двата клубови со најдобар напад на планетава. И во нашиот и во нивниот тим има тројца неверојатни напаѓачи кои во секој момент можат да бидат опасни за противникот“, изјави Силва.

Во домашните првенства и Ливерпул и ПСЖ имаат максимален учинок.

ПСЖ во Франција победи во првите пет кола и освои 15 бодови со 17 постигнати погододоци. Ливерпул во Англија освои исто толку бодови од ист број бодови, но „црвените“ постигнаа четири погодоци помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …