Дома Топ вести Се чека и се знае кој: „Седумката“ во Јунајтед е подготвена

Се чека и се знае кој: „Седумката“ во Јунајтед е подготвена

Сите знаат дека „седмицата“ е митски број за навивачите на Јунајтед.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ја носеа најдобрите и најславните играчи во клубот како, Бест, Кантона, Бекам и Роналдо.

Таа две години не му е доделена никому, откако Депај замина во Лион. За него беше претешка, и многумина од почетоокот ја доведуваа во прашање одлуката дали Холанѓанецот воопшто го заслужува тој број.

Но, Мурињо сега стави точка. Имено, оваа сезона бројот нема да го носи никој, но јасно е кого го чека.

Во прашање е Антоан Гризман кој го одложи своето пристигнување за едно лето бидејќи Атлетико не можеше да му најде замена поради сусепнзијата кога се трансферите во прашање.

Да не беше тоа, Французинот веќе ќе стигнеше во клубот, а следното лето Јунајтед ќе плати 100 милиони еврс за овој фудбалер.

Во светот на трансферите кои ги видовме ова лето, тоа и не е некоја импресивна сума.

Но, како и да се, она што е извесно е дека „седмицата“ ќе се најде на грбот на Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…