Дома Останати Кошарка Се уште не е познато каде е погребан Коби Брајант

Се уште не е познато каде е погребан Коби Брајант

На денешен ден, пред една година, во хеликоптерска несреќа загинаа Коби Брајант и неговата ќерка Џана.

Според наодите од обдукцијата, смртта на сите патници се случила веднаш, поради силината на ударот на леталото на тврда подлога.

Погребот беше приватен и беше извршен на гробишта во Корона дел Мар, во близина на градот Њупорт Бич во Калифорнија.

Иако помина цела година од овој настан, јавноста се уште не знае точно каде е погребан Коби.

Имено, сопругата на Коби, Ванеса, одлучи местото за погребување на Коби и Џана да го знаат само најблиските, кои исто така присуствуваа на последното збогување на погребната церемонија во најблискиот круг на семејството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нов пораз на Денвер, Бруклин сигурен, Мемфис приреди изненадување

Кошаркарите на Денвер запишаа нов пораз и покрај новиот дабл-дабл на Никола Јокиќ. Денвер …