Maкедонската ракометна репрезентација утре ќе го отвори квалификацискиот циклус за Европското првенство во 2020 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Овој натпревар ќе има посебно значење во македонската ракометна историја, бидејќи за прв пат после 13 години противничка репрезентација ќе гостува во Битола.
Натпреварот помеѓу Македонија и Турција ќе се одигра во салата „Младост“ во Битола и се очекува трибините да бидат полни бидејќи влезници скоро и да нема.
Покрај Турција, Македонија оваа недела ќе одигра и натпревар против Грција и слободно може да се каже дека сме фаворити и во двете средби.
Македонија и Турција натпреварот ќе го одиграат утре со почеток во 20:15 часот.