Дома Фудбал Италија Се „редат“ проблемите во Рим – Еве колку ќе паузира еден од столбовите на одбраната!

Се „редат“ проблемите во Рим – Еве колку ќе паузира еден од столбовите на одбраната!

После поразот во претходното коло од Наполи на домашен терен, екипата на Рома се соочува со нови проблеми.

Проблемите во Рим се редат едно по друго, екипата го загуби натпреврот против Наполи на свој терен, но тоа не е се.

Костас Манолас беше еден од столбовите на одбранта на тимот, но сега тој ќе мора да оди на пауза која воопшто нема да биде мала.

Имено, тој ќе отсуствува најверојатно околу еден месец, иако се претпоставуваше дека повредата не е сериозна. На почетокот се мислеше дека тој ќе ги пропушти натпреварите против Челзи во Лигата на шампионите и натпреварот против Торино во рамките од Серија А, но реалноста е поинаква.

Во Рома се надеваат дека тој би можел да биде спремен за натпреварот против Фиорентина кој се игра на 5 ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Преку четири години се играше врвен фудбал, а денес на стадионот ѓубре, тревник, урнатини… (Видео)

На југот на Франција се наоѓа стадион кој до пред неколку години беше место на собирање на…