Престижниот француски весник „Л’Екип“ го избра Новак Ѓоковиќ за најдобар светски спортист во 2023 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ѓоковиќ зад себе има година за паметење во која ја надмина границата од 400 недели на врвот на АТП листата, а исто така играше и четири финалиња на грен-слем турнирите, три од нив и освои (Австралија Опен, Ролан Гарос и УС Опен).
Ваквите успеси беа доволни „Л’Eкип“ да го избере за најдобар спортист во светот пред пливачот Леон Марчанд кој заврши како второпласиран и Макс Верстапен на кого му припадна третата позиција.
Во топ 10 се најдоа уште атлетичарот Ноа Лајлс, рагбистот Сија Колиси, скијачот Марко Одермат, биатлонецот Јоханес Бо, велосипедистите Тадеј Погачар и Матеј Ван дер Поел, како и напаѓачот на Манчестер Сити Ерлинг Халанд.