Дома Фудбал Останато Се разгледува ригорозна казна – грчките клубови две години без Европа!?

Се разгледува ригорозна казна – грчките клубови две години без Европа!?

Честите инциденти кои се случуваат на фудбалските стадиони во Грција го примораа државниот врв на итна реакција.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Неверојатните сцени видени во текот на вчерашниот натпревар помеѓу ПАОК и АЕК (претседателот на ПАОК влезе на теренот со пиштол) ја шокираа цела Европа.

Скандалозниот настап се случи во 89 минута откако судијата Јоргос Коминис го поништи голот на ПАОК. Поради сето тоа што се случуваше во Солун, но не само поради инцидентот на вчерашното дерби државниот врв на Грција размислува да донесе одлука според која би им забраниле на своите клубови настапи во Европа цели две години.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас го собра најголемиот државен врв со цел да се договорат за реакцијата на Атина, а заменик министерот за спорт најави дека првенството ќе биде прекинато до конечната одлука за инцидентите.

Конечниот одговор во консултација со УЕФА од Атина би требало да го добиеме до крајот на денот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Седлоски по поразот: Оставете ги фудбалерите, јас ја преземам одговорноста!

По убедливиот пораз од Турција и четирите примени погодоци без постигнат гол, селекторот н…