Дома Македонски спорт Се ПОЛНИ касата на Вардар – Црвено-црните пред огромна заработка!

Се ПОЛНИ касата на Вардар – Црвено-црните пред огромна заработка!

Македонија го слави огромниот успех на Вардар, Чедомир Јаневски после натпреварот натпреварот во Турција истакна дека ваквите моменти не се купуваат со пари, но јасно е дека Вардар добро ќе го наполни „ќесето“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според пресметките  македонскиот шампион ќе добие 2.6 милиони евра за влез во групната фаза од најмасовното европско натпреварување, но тоа е како што споменавме само за влезот во фазата по групи, тука не се пресметани трите домашни средби, парите од карти, телевиските права, но и евентуална победа или реми во Лигата на Европа.

Како што е познато УЕФА за победа во второто по ранг натпреварување во Европа дава бонус од 320.000 евра, додека за реми се добива 120.000 евра, вардарци ќе имаат прилика во шест натпревари колку што ќе одиграат во групната фаза да остварат дополнителна заработка.

Покрај овие средства, Вардар веќе обезбеди 1.2 милиони евра за настапот во квалификациите, што значи дека со сумата од 2.6 милиони евра веќе има скоро четири милиони евра сигурни пари, што за македонски услови воопшто не е мала сума.


Колку овие пари можат да значат за македонскиот спорт говори и податокот што Сергеј Самсонеко вложи сума од околу 6.5 милиони евра за двата спортски објекти кои ги изгради, тренинг кампот и фудбалската академија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …