Шест фудбалски сојузи од северот на Европа денес го изрази своето незадоволство за идејата на ФИФА за Мундијал на две години.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Претставниците на нордиските земји сметаат дека таква одлука би била лоша за постоечките натпреварувања.




„Тој предлог може да го оневозможи нашиот сегашен модел на националните лиги и натпревари на репрезентациите“, се наведува во соопштението.




Нивното противење не е изненадување затоа што влијателни луѓе од тој регион се во врвот на Европската фудбалска унија, УЕФА. Швеѓанецот Карл-Ерик Нилсон ја извршува функцијата прв потретседател на УЕФА, додека член на извршниот одбор е Данецот Јаспер Молер. Сепак, повеќето нордиски земји никогаш не учествуваат на Светските првенства. Финска и Фарски Острови немаат учество, Исланд првпат настапи во 2018 година, а Норвешка не играла од 1998 година.




Данска во вторникот стана втората земја после Германија која го обезбеди пласманот на СП 2022, додека Шведска е лидер во својата група на две кола пред крајот.