Дома Фудбал Останато Се откриваат детали: Ал Келаифи со вила го поткупил поранешниот секретар на ФИФА?!

Се откриваат детали: Ал Келаифи со вила го поткупил поранешниот секретар на ФИФА?!

0

Само еден ден откако беше објавено дека ќе биде започната истрага против еден од најмоќните луѓе во светот на фудбалот италијанските власти ја истражуваа вилата на Сардинија за која се верува дека била дел од мито.

Иако поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке негира било каква поврзаност со претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи и информацијата дека неговата телевизиска компанија ги купила правата за преност на четири светски првенства со помош на мито, италијанските медиуми наведуваат дека Валке добил „посебен подарок“ од катарскиот милионер.

На барање на швајцарското обвинителство кое започна постпка против Ал Келаифи и Валке, италијанските власти ја истражувале вилата во Порто Керво, луксузно туристичко место на Сардинија. За оваа вила се верува дека била дел од митото кој Катарецот му го дал на Валке.

Бројни светски медиуми, денес објавуваат дека вилата вредна околу седум милиони евра била „мал“ подарок и мотив Валке да работи за Катарецот.

Валке очекувано за „Л’Eкип“ ги демантираше ваквите обвинувања.

„Сакам да кажам дека ништо од тоа не е вистина. Никогаш не сум добил никаква награда за тоа што сум доделил телевиски права на некоја компанија“, изјави Валке.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Останато

Проверете

По цела деценија, во Шведска повеќе епитетот НАЈДОБАР не го носи Златан Ибрахимовиќ

Се прости од репрезентацијата, а се прости и од наградата која полна деценија љубоморно ја…