Дома Останати Се огласи Ѓоковиќ: Разочаран сум!

Се огласи Ѓоковиќ: Разочаран сум!

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, излезе со реакција откако судот ја одби неговата жалба за укинување на австралиската виза.

Со тоа заврши неговата двонеделна тортура во Австралија, па дефинитивно ќе биде депортиран и нема да може да игра на Австралија Опен.

„Би сакал само да дадам кратка изјава во врска со денешното рочиште. Ќе одвојам малку време да се одморам и да се опоравам пред да дадам дополнителен коментар на оваа тема. Многу сум разочаран од одлуката да ми биде укината визата бидејќи тоа значи дека не можам да останам во Австралија и да се натпреварувам на Австралија опен.Ја почитувам одлуката на судот и ќе соработувам со надлежните органи за моето напуштање на земјата“, изјави Ѓоковиќ и додаде:

„Засрамен сум бидејќи фокусот во последните недели беше на мене, се надевам дека сега ќе биде само спортот. На играчите и на сите вклучени им посакувам се најдобро. На крајот, сакам да им се заблагодарам на моето семејство, пријателите, тимот, навивачите и моите сонародници за поддршка. Сите ми дадовте сила“, истакна Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Нереди во Париз: Навивачи на Ливерпул без влезница се обидувале да влезат на стадионот! 🎥

Финалето од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид не започна во 21 часот како…