Дома Фудбал Репрезентации Се огласи судијата кој два пати предвреме завршуваше натпревар: Бог ми испрати порака!

Се огласи судијата кој два пати предвреме завршуваше натпревар: Бог ми испрати порака!

Судијата Џани Сиказве се најде во центарот на вниманието кога натпреварот помеѓу Мали и Тунис на Африканскиот Куп на Нации два пати го завршуваше предвреме, прво во 85. минута, а потоа во 89.

Поради тоа што го направи обезбедувањето мораше да го спасува и да го изнесува од бесните фудбалери и селекторот на Тунис. Сега за првпат тој зборуваше за тој момент.

„Докторите ми кажаа дека температурата на мое тело се намалува. Ако поминев уште малку време ќе завршев во кома и тука ќе ми беше крајот. Бог ми кажа да го прекинам натпреварот. Тој ме спаси. Гледав луѓе како од работа ги враќаат во ковчег, тоа можеше да ми се случи и мене. Имав многу среќа што не завршив во кома“, изјави Сиказве.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Навивачите на Јувентус направија скандал против Аталанта, клубот остро го осуди однесувањето

Една група навивачи на Јувентус на стадионот Алијанц одбија да учествува во минутата молче…