Дома Фудбал Италија Се огласи Раиола: Ме умревте два пати за 4 месеци

Се огласи Раиола: Ме умревте два пати за 4 месеци

Откако сите релевантни медиуми ја објавија веста дека познатиот агент Мино Раиола починал, следуваше вистински шок.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најпрво се огласи неговиот адвокат и истакна дека Раиола е во тешка ситуација, но НЕ е починат.

Докторот од болницата исто така потврди дека Мино се бори за живот и е згрозен од веста која се појави во медиумите.

Само неколку минути потоа се огласи и самиот Мино Риола преку социјалните мрежи.

„Мојата моментална здравтствена состојба за сите оние кои ги интересира, изнервиран, ме умреа два пати за 4 месеци. Се чини дека и јас можам да воскреснам“, напиша Раиола.

Чудно е што сите релевантни медиумите во Италија како „Газета дело Спорт“, „Кориере дело Спорт“, „Скај Спорт“… објавија дека починал, а сега стигна демант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Разоткривање: се подготвува трансфер на Осимен уште сега

Се чини дека Виктор Осимен се обидува да го напушти Галатасарај поради друг клуб. Ова го о…