Дома Фудбал Италија Се огласи Марота: Дибала не е на продажба

Се огласи Марота: Дибала не е на продажба

По повод поврзувањето на Паоло Дибала со заминување од Јувентус се огласи и спортскиот директор на Јувентус, Џузепе Марота.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во последно време Паоло Дибала многу се поврзуваше со трансфер во Манчестер Јунајтед, но според зборовите на Џузепе Марота, Дибала нема да замине, барем не во овој преоден рок.

„Јануарскиот преоден рок е за поправка на вашиот тим, за среќа ние сме покриени и немаме таков проблем. Дибала не е на трансфер листата и немаме намера да го ставиме“, изјави Марота за Аргентинецот.

Дибала во вчерашниот натпревар против Каљари во кој Јувентус запиша минимална победа од 0:1 поради повреда мораше порано да го напушти теренот, тренерот Алегри изјави дека не е познато од каков карактер е неговата повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рудигер конечно откри што му беше единствена цел во Реал Мадрид

Антонио Рудигер имаше сезона исполнета со проблеми со повреди, но германскиот репрезентати…