Дома Фудбал Се огласи Бартомеу: Барселона сака да игра во САД

Се огласи Бартомеу: Барселона сака да игра во САД

Како на ова ќе реагираат навивачите?

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Претседателот на Барселона, Бартомеу смета дека играњето на одредени натпревари во САД би помогнало во промоцијата на шпанскиот фудбал, а со тоа би се зголемиле и приходите.

„Хард Рок“ стадионот е дом на НФЛ тимот, а на тој стадион би можел да се игра натпреварот помеѓу Барселона и Џирона кој е на распоредот на 27 јануари.
Меѓутоа официјално одобрување од шпанската фудбалска федерација се уште не е добиено.

„Ние ја поддржуваме оваа идеја, но тоа не е само наша одлука. Сметаме дека тоа е вистински начин за да се промовираат Ла Лига и шпанскиот фудбал, а исто така би се зголемиле примањата, веруваме дека тоа е иднината“.

„Доколку првиот натпревар помине без инцидент и доколку бидат успешни, а ние сметаме дека нема причина тоа да не биде така, тогаш другите клубови ќе сакаат да ни се придружат. Политичката ситуација? Како клубови ние сакаме да се дистанцираме од политиката, иако и таа поврзана со фудбалот“, изјави Бартомеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА донесе уште една забрана пред Светското првенство!

Светското првенство кое оваа година се одржува во САД, Канада и Мексико, стартува следната…