Дома Топ вести Се објавуваат детали од договорот: Ракитиќ на лето станува играч на Интер!

Се објавуваат детали од договорот: Ракитиќ на лето станува играч на Интер!

rakitic

Италијанците објавија и пред неколку дена, а сега се надополнуваат – убедени се дека Иван Ракитиќ на лето ќе ја напушти Барселона.

„Газета дело Спорт“ одново пишува за постигнат договор помеѓу Интер и Иван Ракитиќ, а сега открива и бројки од договорот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Овој 31 годишен фудбалер според пишувањето на „Газета“ се договорил за соработка со Интер. Генералниот менаџер на тимот од Милано, Бепе Марота и спортскиот директор Пјер Аусилио одржале таен состанок со претставници на Барселона и добиле дозвола да преговараат со Хрватот.

Наводно преостанато е да се договори само цената. Интер понуди 35 милиони евра, каталонскиот гигант сака десет повеќе, па се очекува да се договрат за сума околу 40 милиони евра.

Интер за Ракитиќ спрема одличен договор. Тој ќе добие договор на три години и на „Џузепе Меаца“ во него гледаат играч кој може да биде еден од носителите на играта во следните неколку години.

Сепак, сега треба се чека и потврда од некоја од страните. Таа би требало да ја добиеме на крајот од сезоната. Ако овие најави се остварат Ракитиќ после осум години ќе ја напушти шпанската Ла Лига каде што уште за Барселона го носеше дресот на Севиља.

Ракитиќ во претходните пет години со Барселона освои скоро се. Три пати беше шампион, четири титули во шпанскиот куп, Лига на шампиони, УЕФА Суперкуп, Суперкуп на Шпанија и ФИФА Светско клупско првенство.

За тимот од „Ноу Камп“ одигра 249 натпревари и постигна 34 погодоци.

https://www.youtube.com/watch?v=alDkw4Pdu-0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Видео кое покажува со каква болест се бори Џоел Ембид 🎥

По личниот рекорд во плејофот од 50 поени, Џоел Ембиид на прес-конференција објави дека се…