Дома Фудбал Италија Се објавија детали од договорот на Гвардиола со Јувентус!

Се објавија детали од договорот на Гвардиола со Јувентус!

0

Пeп Гвардиола изгледа е се поблиску до клупата на Јувентус!

Секојдневно се појавуваат информации кои ги приближуваат Гвардиола до клубот од Торино, голем дел од италијанските медиуми се убедени дека шпанскиот стратег од наредната сезона ќе го води италијанскиот шампион.

Шпанскиот новинар на „Мундо Депортиво“ Франсес Агиљар објави дека истиот човек кој му кажал дека Гвардиола ќе се пресели во Манчестер Сити, сега му тврди дека Шпанецот е пред седнување на тренерското столче во Јувентус.

„Истиот човек кој пред неколку години (многу порано пред да биде официјално објавено) ми кажа дека Пеп Гвардиола ќе го превземе Манчестер Сити сега ми кажува дека е на пат седне на клупата на Јувентус. Тогаш му поверував, а сега уште повеќе“, објави Агиљар.

Сега се појавуваат нови информации. Имено, италијанската новинска агенција „АГИ“ тврди дека Гвардиола со клубот од Торино се договорил за соработка на четири години и договор според кој ќе заработува 24 милиони евра по сезона.

Наводно, договорот ќе биде потпишан на 4-ти јуни, а Гвардиола пред наввачите официјално ќе биде претставен на 14-ти јуни.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Среќната јакна на Гвардиола продадена за огромна сума!

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола минатата сезона на повеќето натпревари носеше си…