Дома Фудбал Италија Се е спремно за спектакл: Дербито на Милано ќе биде најгледаниот меч сезонава!

Се е спремно за спектакл: Дербито на Милано ќе биде најгледаниот меч сезонава!

169-то миланско дерби најверојатно ќе биде најгледаниот меч во Серија А од почетокот на сезоната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, стадионот „Џузепе Меаца“ е комплетно распродаден и на трибините ќе присуствуваат повеќе од 78.000 гледачи, а со тоа Интер ќе оствари приход од 5 милиони евра.

Од почетокот на сезоната Интер е најпосетуваниот клуб и со четирите домашни меча во Серија А и мечот против Тотенхем во ЛШ веќе ја достигна бројката од 294.233 гледачи, што е во просек 58.846 по натпревар.

Од друга страна Милан е вториот најпосетуван клуб во Серија А, а двете навивачки групи по традиција спремаат спектакуларни кореографии за дербито „Дела Мадонина“.

Интересно, „Џузепе Меаца“ е распордаден и за мечот против Барселона кој се игра само три дена подоцна во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кошмар за Бразил! Рафиња може да пропушти до крајот на Светското првенство

Работите со резултатите почнаа да се подобруваат за Бразил по победата од 3:0 против Хаити…