Легендата на Челзи, Френк Лампард ќе го наследи Мурицио Сари на клупата на лондонскиот клуб, пренесуваат медиумите на Островот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Раководството на клубот смета дека Лампард ќе биде вистинското решение за клубот од „Стенфорд Бриџ“, особено по добрите резултати што тој ги постигна изминатава сезона како тренер на Дерби Каунти.
Лампард со Дерби успеа да стигне до финалниот плеј-ф за влез во Премиер лигата, каде што беше поразен од Астон Вила.
Лондонскиот клуб смета дека нивната поранешна легенда успешно ќе ги води „сините“ во следната сезона, но по се изгледа Лампард нема да биде единствениот од златната генерација кои се враќаат на „Стенфорд Бриџ“. Поранешниот легендарен голман и икона на Челзи, Петр Чех се враќа во улога на спортски директор.