Дома Македонски спорт Мак фудбал Сејдини: Сите знаат кој ќе биде селектор ако не се договориме со Ангеловски

Сејдини: Сите знаат кој ќе биде селектор ако не се договориме со Ангеловски

Претседателот на ФФМ Муамед Сејдини најави дека ако на Игор Ангеловски не му биде продолжен договорот нов селектор би можел да биде селекторот на У21, Благоја Милевски.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ангеловски ја одведе Македонија на прво сениорско Европско првенство во историјата, договорот му завршува со крајот нао ваа 2020 година после што ќе има преговори за продолжување. Сејдини вчера во гостување на „Алсат“ телевизијата индиректно најави дека тоа би можел да биде Благоја Милевски.

„Прв со кој ќе разговараме ќе биде Ангеловски, а потоа ќе одиме на други опции. Се појави шпекулацијата за Просинечки, но како што кажав прво ќе седнеме со Ангеловски. Ако не со согласиме да продолжиме, не сакам да шпекулирам ама цела македонска јавност знае кој би можел да биде нов селектор“, изјави Сејдини.

Оваа изјава на Сејдини доаѓа многу брзо откако Милевски пред неколку дена во гостувањето на онлајн емисијата на ФФМ јавно кажа дека негов сон е еден ден да ја води „А“ селекцијата на Македонија.

Ќе потсетиме, Милевски е човекот кој ја одведе Македонија на Европското првенство до 21 година, а и неговиот последен циклус на квалификации со оваа генерација беше одличен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…