Дома Трансфер зона Серхио Рамос на Инстаграм го заследи големото засилување за Реал?

Серхио Рамос на Инстаграм го заследи големото засилување за Реал?

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос го заследи играчот на Инстаграм и ги воодушеви навивачите на Кралевите.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Имено, Рамос го заследи Еден Азар, што нормално го забележија медиумите во Шпанија, кои сметаат дека сепак тоа може нешто да значи.

Се очекува Реал на лето да го донесе Белгијанецот, особено сега откако Реал и Азар имаа лоши сезони, а овој потег на Рамос дополнително ги загреа гласините.

Азар призна дека сака да игра во ЛШ наредната сезона, но шансите Челси да заигра во најелитното фудбалско натпреварување не се многу големи, бидејќи за ривали ги има Арсенал и Јунајтед, а до крајот има уште две кола.

Што и да се случи, Азар сепак е поблиску до преселба во Мадрид, иако тој сам не сака да потврди дека тоа ќе се случи, туку упорно тврди дека не знае ништо во овој момент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јунајтед за замената на Касемиро ќе плати 80.000.000, а уште 70.000.000 се за засилувања во средината!

Тимот предводен од Мајкл Керик расте, играчите се подготвени да го остават срцето на терен…