Дома Фудбал Англија Серхио Агуеро проговори за својата иднина

Серхио Агуеро проговори за својата иднина

Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити, Серхио Агуеро кој има договор со тимот на Манчестер Сити до 2020 година за англиските медиуми зборуваше за својата иднина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако, Пеп Гвардиола пристигна во Манчестер Сити во летото 2016 година започнаа шпекулации за неговата иднина.

Сега, Аргентинецот по вчерашната победа од 3:1 против Вотфорд во која беше еден од стрелеците зборуваше за својата иднина.

„Имам договор до 2020 година. Навистина се надевам дека ќе останам тука до истекот на договорот, се трудам да дадам се од себе, а на крајот од сезоната ќе видиме што ќе се случи. Не сакам често да менувам клубови, тука сум среќен, но како и секогаш клубот го има последниот збор. Раководството е тоа кое одлучува дали заминвуаш или остауваш“, изјави Агуеро.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кака брутално искрен: Јас сум еден од најлошите трансфери на Реал Мадрид

Реал Мадрид низ својата историја го градел својот углед како клуб кој не се задоволува со …