Дома Фудбал Италија Серија А нема да продолжи пред јуни?

Серија А нема да продолжи пред јуни?

Бројот на зарезени и починати од пандемијата коронавирус во Италија и натаму расте, а стручните лица укажуваат дека тој тренд ќе продолжи, па Серија А би можела да се врати дури во јуни или јули.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Италија е првата европска земја која ги прекина спортските натпреварувања после појавата на вирусот.

Планот беше Серија А да се врати на 2. мај и да се игра до 30. јуни, но тоа изгледа нереално во овој момент.

Според Ла Република, планот за кој ќе разговараат претседателите на клубовите од Серија А е лигата да продолжи во јуни и да се игра до 30. јули. Тоа може да се покаже како комплицирано бидејќи на многу играчи договорите им истекуваат на 30. јуни…

Во вторникот ќе биде одржан уште еден состанок на Италијанскиот фудбалски сојузи со клубовите од Серија А, после кој веројатно ќе се знае многу повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Дајте ми некој траг“: Целосна конфузија во ВАР собара за време на дуелот Вест Хем – Арсенал, исплива ауди снимка

Судијата Крис Каван беше целосно збунет од упатствата што ги добиваше од своите колеги во …