Дома Останати Тенис Серена Вилијамс го откажа настапот на Австралија Опен

Серена Вилијамс го откажа настапот на Австралија Опен

40-годишната Серена Вилијамс ќе го пропушти Австралија Опен по советите на нејзиниот медицински тим.

За Американката ова е тешка одлука затоа што имаше желба да и гра во Австралија, сепак ќе мора да паузира уште некое време пред да се врати на терените.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Беше тешка одлука, но сепак физички не сум подготвена да настапам. По совет од моите доктори донесов одлука да го откажам настапот на Австралија Опен. Се надевам на брзо враќање“, изјави Серена.

Во кариерата Серена освои седум титули на Австралија Опен, а зад себе има тешка повреда поради која не игра уште од првото коло на Вимблдон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Скандал: Тенисер суспендиран на осум години!

Хрватскиот тенисер Лауро Милановиќ е суспендиран на дури осум години поради местење на нат…