Дома Останати „Серена би го победила Новак, било кога и било каде“

„Серена би го победила Новак, било кога и било каде“

Австралиската пливачка и некогашна олимписка шампионка, Лизел Џонс, тврди дека Серена Вилијамс би го победила Новак Ѓоковиќ во потенцијален меѓусебен дуел.

Лизел Џонс смета дека жените и мажите треба да се натпреваруваат меѓу себе бидејќи зголемената конкуренција ќе го направи спортот подобар.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Луѓето мислат дека мажите и жените не треба да се натпреваруваат меѓусебно, но јас мислам дека жените се подеднакво добри како и мажите, ако не и подобри. Еден пример е Серена Вилијамс. Ако Новак Ѓоковиќ се натпреваруваше против Серена, таа ќе го победува било кога и било каде“, вели Џонс.

Серена често пати ја предизвикуваат да игра против најдобрите тенисери, поради огромната доминација во женскиот тенис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Познато е кога Карлос Алкараз ќе се врати на теренот

Карлос Алкараз во Барселона се здоби со непријатна повреда на тетивата поради која ќе пауз…