Дома Останати Ракомет Серафимов: Лазаров верува во секој играч, чест е да се биде дел од ваков собир

Серафимов: Лазаров верува во секој играч, чест е да се биде дел од ваков собир

Репрезентацијата на Македонија ги започна подготовките за Европското првенство кое во јануари се игра во Словачка и Унгарија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лазаров предводи една подмладена селекција, а еден од оние претендира да биде во составот е десниот бек Мартин Серафимов.

„Подготовките течат одлично, верувам ќе продолжиме во овој ритам. Работиме точно и прецизно, секој си ја знае својата работа. Ние помладите знаеме да правиме грешки, но затоа имаме квалитетен стручен штаб и поискусни играчи кои ни даваат совети како подобро и поефикасно да се вклопиме“.

„Лазаров верува во секој играч кој го има на располагање. Чест е да се биде дел од ваков собир, посебно пред настан како што е Европското првенство“, изјави 21-годишниот Серафимов.

На ЕП Македонија своите натпревари ќе ги игра во Дебрецин во група со Данска, Црна Гора и Словенија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар ги дозна можните ривали во групната фаза на ЛШ

Ракометниот клуб Вардар ќе ја очекува ждрепката за новата сезона во Лигата на шампиони од …