Рускиот тенисер Андреј Рубљев беше елиминиран во првиот меч на Мастерсот во Мајами, бидејќи беше поразен од Чехот Томаш Махач со 2:0, во сетови 6:4, 6:4.
Шестиот играч на светот во дуелот од 2.коло на турнирот од серијата 1.000 загуби за само 65 минути.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Моментално 60. тенисер на АТП листата направи по еден брејк во двата сета и тоа се покажа како доволно за голема победа. Во вториот сет Русинот имаше по една брејк топка во шестиот и десеттиот гем, но не ги искористи.
Во следното коло Махач ќе игра против победникот од мечот помеѓу Енди Мареј и Томас Мартин Ечеверрија.