Дома Фудбал Сензационален трансфер на Нејмар? Подготвен е да се откаже од своето богатство и да се врати во Европа

Сензационален трансфер на Нејмар? Подготвен е да се откаже од своето богатство и да се врати во Европа

Нејмар ја напушти Барселона пред седум години во трансфер кој и денес е рекордно висок, а според шпанските медиуми се чини дека би можел да се врати на Камп Ноу.

Откако Барса во 2017 година го продаде на Пари Сен Жермен за 222 милиони евра, Нејмар минатата година за 90 милиони евра се пресели во Ал Хилал од Саудиска Арабија, каде што игра за плата од 150-160 милиони евра по сезона. Тој моментално се опоравува од скинати предни вкрстени лигаменти на левото колено.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тој одигра само пет натпревари за Ал Хилал, постигна еден и асистираше три гола, пред да заработи повреда во квалификациите за Светското првенство во Бразил 2026 година на гостувањето кај Уругвај минатиот октомври.

Откако беше обелоденето дека нема да може да игра до крајот на сезоната, реагираше Ал Хилал кој го симна од списокот на пријавени играчи за да направи место за уште еден странец во нивниот ростер.

Шпанските медиуми сега пишуваат дека 32-годишниот бразилски напаѓач е во контакт со претседателот на Барселона, Лапорта и дека овие контакти резултирале со желба да се врати. Играјќи за Барса, Нејмар освои осум трофеи, од кои еден во Лигата на шампионите и два за најдобриот во шпанското првенство. Вкупно за Барселона одигра 186 натпревари со учинок од 105 гола и 76 асистенции.

Според Шпанците, пореално е да се очекува евентуалното враќање на Нејмар во Барса во летото 2025 година, кога му истекува договорот, отколку сега. Причината се финансиските проблеми во каталонскиот клуб, кој исто така сака да види и колку е физички подготвен Нејмар за негови настапи во Ла Лига и Лигата на шампионите. Исто така, останува да се види за која плата би бил подготвен да игра Нејмар во евентуалниот втор мандат во Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Б…