Денес фудбалскиот клуб Лидс ја потврди разделбата со Сем Алардајс.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Искусниот стратег си заминува од клубот по само четири натпревари на клупата со биланс од три порази и едно реми.
„Никогаш не велете никогаш“, беа зборовите на Алардајс на прес-конференџијата на која се пофали дека никој во фудбалското знаење во Премиер лигата не е пред него.
„Многу луѓе мислат дека сум стар, тоа можеби е вистина кога годините се во прашање. Имам 68 години, но никој во фудбалското знаење не е пред мене, ниту Пеп, ниту Клоп, ниту Артета...“, зборуваше Алардајс.
Четири натпревари подоцна Лидс испадна, а тој си замина без победа. За тие четири натпревари си заработи 500.000 фунти. Ако го споредиме односот со освоениот број на бодови и заработката тогаш Пеп во ваква ситуација би заработил 44.500.000 фунти.