Дома Фудбал Останато Семејна драма за легендата на Реал Мадрид: Направил ДНК тест и дознал дека неговите деца не се негови

Семејна драма за легендата на Реал Мадрид: Направил ДНК тест и дознал дека неговите деца не се негови

Легендарниот играч на Реал Мадрид минува низ тешки моменти во животот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Жереми, поранешен фудбалер кој играше за Реал Мадрид и Челзи, доживува вистинска семејна драма. Камерунецот поднел барање за развод од својата долгогодишна сопруга Лаури Лоцо затоа што дознал дека тој не е биолошки татко на нивните деца.

Шеснаесет години откако добија близнаци, Жереми одлучил да направи ДНК тест и откри дека неговата сопруга цело време го лажела. Тестот откри дека неговата сопруга имала афера со поранешниот партнер и дека тој е татко на близнаците.

Адвокатот на екс-фудбалерот тврди дека ДНК тестот е доволна причина за развод, а неодамнешното откритие целосно го шокираше и го скрши Камерунецот, пишува англискиот таблоид „Сан“.

Жереми во својата богата кариера освои многу трофеи, со Реал Мадрид двапати го крена трофејот во Лигата на шампионите, а со Челзи двапати беше шампион на Англија.

За репрезентацијата на Камерун забележа 119 настапи и постигна 13 гола, освои два Купа на африканските нации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Звер од над 100 милиони го заменува Мохамед Салах во Ливерпул!

Една ера во Ливерпул завршува. Заминувањето на Мохамед Салах, а веројатно и на Вирџил ван …