Трансферот на Роналдо во Јувентус почна да им се исплаќа на „бјанконерите“ уште пред Португалецот да заигра за тимот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Очигледно раководството на Јувентус направи вистински потег со купувањето на Роналдо, бидејќи откако се пуштени во продажба дресовите направија вистински „бум“.
Имено, пресметките велат дека „бјанконероте“ продаваат по еден дрес секоја минута и се очекува да се надмине бројката од 1 милион продадени дресови.
Тоа значи дека Јувентус само од дресовите ќе го исплати трансферот на Португалецот бидејќи просечната цена на еден дрес е 100 евра, а трансферот изнесуваше 100 милиони евра.