Дома Фудбал Италија Секогаш кога Газидис во Милано ќе зборува за Арсенал ќе добива казна од 100 евра

Секогаш кога Газидис во Милано ќе зборува за Арсенал ќе добива казна од 100 евра

0
gazidis

Бизарна ставка, но тој е спремен да плати.

Новиот директор на Милан, Иван Газидис има бизарна ставка во договорот според која ќе биде казнуван со 100 евра секогаш кога ќе го спомене својот поранешен клуб Арсенал.

Но него наводно него тоа не го интересира премногу и спремен е да жртвува дел од своите приходи за на новите колеги да им објасни што треба да направат во Милан по примерот на Арсенал.

Свесен е дека ќе му биде тешко да не зборува за клубот во кој ги мина изминатите девет години, но се надева дека неговиот нов работодавец ќе профитира од сето тоа.


Следете го Sportski.mk и на


САД – Лондон – Милан се клучните дестинации на Иван Газидис, од МЛС кој практично го основаа, преку Арсенал на кого двојно му ги зголеми приходите, па до Милан кој ќе му биде најновиот предизвик во кариерата.

Целите се јасни. Прво мора да се изгради нов стадион. Идејата е поставена, нема смисла да се реновира „Сан Сиро“, туку да се направи нов модерен стадион кој ќе биде прилагоден на најмодерните. Задачата е само една, стадионот мора секогаш да биде полн.

Втората точка ќе биде младинската школа. Во Арсенал скоро секоја сезона промовираше барем еден играч во сениорскиот тим од младинската академија, а тоа го сака и сега во Милан.

Третата и најважна ставка е Иван Газидис да го врати Милан таму каде што припаѓа.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сари го прокоментира доаѓањето на Игуаин

Трансферот на Гонзало Игуан во Челзи е само прашање на време, а тоа сигурно ќе го израдува…