Дома Фудбал Англија Сезоната за Рашфорд завршена, неизвесен и за Европското првенство

Сезоната за Рашфорд завршена, неизвесен и за Европското првенство

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер потврди дека сезоната за Маркус Рашфорд е завршена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот Англичанец се очекуваше да се врати на терените во април после повредата на грбот, но најавите се дека рехабилитацијата ќе трае многу подолго.

Солскјер потврди дека оваа сезона за Рашфорд е завршена, а неизвесен е и неговиот настап на Европското првенство.

„Се надевам дека Маркус ќе се врати на терените уште оваа сезона, секојдневно ја следиме ситуацијата со неговата повреда. Сепак, потребно е време, а јас не сум доктор. Јас се надевав дека ќе се опорави побрзо, но тој уште три месеци ќе биде надвор од терените. Доколку не биде подготвен, тогаш нема да игра ниту на Европското првенство. Последните прегледи покажаа дека повредата е посериозна отколку што мислевме“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Родри носи проблеми, талентот на Барса сака да си оди?

Родри само што не пристигна, што значи дека – некој мора да си оди. Како ПАМЕТНО да …