Дома Фудбал Италија Сега и официјално: Гатузо го води Милан до 2021 година!

Сега и официјално: Гатузо го води Милан до 2021 година!

Тоа што се најавуваше изминатите денови денес доби и официјална потврда – Џенаро Гатузо ќе го води Милан до 2021 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Гатузо денес и официјално стави потпис на нов договор до 2021 година, според кој ќе заработува 2 милиони евра по сезона.

Легендата на „росонерите“ седна на кормилото во ноември, после отказот на Монтела, и покажа одлични резултати со тимот, па го убеди раководството да му понуди долгорочен договор.

„Гатузо во изминатите месеци заврши неверојатна работа и покажа дека е голем тренер. Рино сигурно ќе остане на клупата во следните три години, а се надеваме и многу подолго. Со него сакаме да започнеме нов победнички циклус“, изјави директорот Марко Фасоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Никој во групата на Мундијалот нема да патува повеќе од Босна!

Престојното Светско првенство во фудбал ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, што значи де…