Дома Останати Кошарка Сега е сигурно: Лука Дончиќ од наредната сезона во НБА!

Сега е сигурно: Лука Дончиќ од наредната сезона во НБА!

0
doncic

Во понеделникот истече рокот за одјавување на кошаркарите од НБА драфтот.

Најголемиот талент на европската кошарка Лука Дончиќ својата пријава не ја повлече и сега е сигурно дека за девет дена ќе стане играч на некој клуб од најсилната кошаркарска лига во светот.

Според пишувањето на американските медиуми, Дончиќ ќе излезе на драфтот како и што се очекуваше, а таму ќе биде еден од најпосакуваните играчи. Младиот талент го одведе Реал Мадрид до титулата шампион на Европа, каде и што беше прогласен за МВП на турнирот.

Со Реал од среда игра финале во шпанското првенство, а во случај финалето да оди до петти натпревар, која е закажан за 22 јуни, Дончиќ не ќе може лично да се појави на драфтот.


Следете го Sportski.mk и на


Се уште не е познато кој тим ќе го доведе.

Први на драфтот ќе бираат Феникс Санси, потоа Сакраменто Кинг, Аталанта Хакс, па Мемфис Гризли. Следуваат Далас, Орландо, Чикаго…За Дончиќ се прогнозира една од првите позиции на драфтот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

НАЈАВА: Започнува нова, поинаква Примера!

Шпанското фудбалско првенство започнува вечерва! Фудбалскиот свет ќе го види почетокот на …