Дома Фудбал Лига на шампиони Светските насловни страни: Бог, папа, животно, ѓавол, маестро…

Светските насловни страни: Бог, папа, животно, ѓавол, маестро…

Лионел Меси вчера одигра одличен натпревар и обезбеди на Барселона голема победа од 3:0 во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Настапот на Меси со воодушевување се проследи од сите делови на светот, а како играше Меси зборуваат и насловите страни на најпознатите спортски медиуми.

„Марка“: Ливерпул доминираше, но Бог владее во својот храм.

„АС“: Фудбалски папа

„Тајмс“: Величенствениот Меси ги сруши соништата со слободен удар за сите времиња.

„Телеграф“: Маестро Меси заби нож во срцето на Ливерпул

„Оле“: Животно

„Л’Eкип“: Ѓаволот ја води Барселона во Мадрид

„Билд“: Меси го размонтираше Клоп

„Бола“: Го вклучи „Божјиот муд“ и ја испрати Барселона со една нога во финале.

Секако, најголемо внимание привлекуваат големите пофалби од страна на медиумите со седиште во Мадрид, „АС“ и „Марка“.

Барселона ја чека реванш, но со предноста која им ја обезбеди Меси голем дел од фудбалската јавност ги смета за сигурни финалисти.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …