Дома Топ вести Светскиот шампион и член на Барселона ја завршува кариерата!?

Светскиот шампион и член на Барселона ја завршува кариерата!?

Францускиот стопер Самуел Умтити веќе некое време е надвор од терените поради повреда на коленото.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 25 годишник во Барселона на терените се очекуваше да се врати на почетокот на следната година, но се појавија нови вести кои би можеле да бидат исклучително лоши за Умтити и неговиот клуб.

Имено, Умтити има проблеми со рскавицата која му се појавила во раната младост, иако е реткост да се појави кај помлади.

Некои извори од Шпанија тврдат дека состојбата на Умтити е толку сериозна што во прашање може да ја доведе и неговата кариера.

Шпанските медиуми веднаш се потсетија на Карлес Пујол кој своевремено поради истиот проблем нешто порано замина во фудбалска пензија.

Барселона не се огласила на оваа тема, но тоа би можела да го направи наскоро, посебно ако се покаже дека информациите се лажни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Речиси има договор: Еве кој ќе биде нов селектор на Италија!

Легендарниот дефанзивец на Италија, Паоло Малдини, кој неодамна беше назначен за технички …