Дома Фудбал Италија Саудискиот принц го купува Милан за 1 милијарда

Саудискиот принц го купува Милан за 1 милијарда

Kонзорциумот од Саудиска Арабија се повлече од преговорите за купување на Њукасл и сега се насочува кон италијанскиот гигант Милан.

Мохамед бин Салман сакаше да го купи Њукасл и да вложи оромна сума во тој клуб, но после три месеци преговори и пречките кои ги имаше од Премиер лигата ги прекина преговорите.

Кралскиот инвестициски фонд на чело со Бил Салман не се откажува од идејата да инвестира во фудбалот и сега се насочува кон купување на италијанскиот гигант Милан.

Милан во моментов е во сопственост на инвестицискиот фонд „Елиoт“, а Бин Селман понудил 1 милијарда евра за преземање на сопственоста.

Плановите на богатите шеици се да го вратат Милан на врвот на европскиот фудбал и се спремни да вложат голема сума на пари. Имено, покрај изградба на стадион, уште во првата година се спремни да инвестираат 500 милиони евра во засилувања.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вака изгледа идеалниот тим во Серија А според „ОПТА“ 📸

Експертите на „ОПТА“ кои најмногу се занимаваат со статистика ја следеа и штотуку завршена…