Дома Фудбал Саудгејт по поразот од Италија: Мислам дека е ова чекор во добар правец

Саудгејт по поразот од Италија: Мислам дека е ова чекор во добар правец

Англија вчера беше поразена од Италија и со тоа испадна во понизок ранг во Лигата на Нации. Селекторот на Англија, Герет Саудгејт по овој натпревар даде малку чудна изјава.

За Саудгејт ова е добар чекор напред пред Светското првенство во Катар.

„Тешко е да се биде премногу критичен после натпреварот во кој имавме повеќе посед и повеќе удари во рамки од голот. Лично мислам дека ова е чекор во добар правец, но ја разбирам реакцијата поради конечниот резултат“, изјави Саудгејт.

Смета дека проблем е ефикасноста.

„Навистина не можам да објаснам зошто не постигнуваме голови. Влегуваме во добри прилики, но имаме проблем со завршниот пас“, изјави Саудгејт.

Нема сомневање дека испаѓањето во Б дивизијата е големо разочарување за навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аканџи предвреме се враќа во Интер, Швајцарија без него против Шкотска

Мускулен замор го оддалечи Мануел Аканџи од репрезентативниот собир, но засега не се очеку…