Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози би можел да стане прв човек на ПСЖ, пренесуваат француските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сопственикот на клубот, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани, бара промена во раководството, бидејќи не е задоволен од моменталната состојба на тимот.
Наводно сопствениците на „светците“ му понудиле на Никола Саркози да го замени Насер Ал Келаифи како претседател на клубот.
Но според пишувањата на добро упатениот „Ле Паризиен“, ваквите стории се далеку од реалноста и мали се шансите Никола Саркози да седне во претседателската фотелја на ПСЖ.