Дома Фудбал Англија Сари: Сити и Ливерпул ќе се борат за шампионската титула!

Сари: Сити и Ливерпул ќе се борат за шампионската титула!

0

Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари не го вклучи својот тим во битката за титулата оваа сезона во Премиер лигата.

Челзи фантастично ја отвори сезоната со четири победи, но според Сари „сините“ не се конкурентни да се борат за титулата.

„Во моментов можам да кажам дека Сити и Ливерпул ќе се борат за титулата. Ние имаме потреба да направиме уште еден чекор за да бидеме на тоа ниво. Се надевам дека грешам, но во моментов мислам така“, изјави Сари.

Италијанецот потоа изјави дека е отворен за можноста Џон Тери да се врати во Челзи во улога на тренер.


Следете го Sportski.mk и на


„Последниот пат кога зборував со него ми кажа дека сака да игра уште една сезона. Не знам каква е ситуацијата сега. Челзи е неговиот дом и се зависи од него“, истакна Сари.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

КАКО И СЕКОГАШ: Мурињо ги пронајде виновниците за поразот од Вулверхемптон

Манчестер Јунајтед синоќа одигра 1:1 со Вулверхемптон, со што ја прекина малата победничка…