Дома Фудбал Останато Сари пред отказ, тројца кандидати за негов наследик

Сари пред отказ, тројца кандидати за негов наследик

Јувентус вчера доживеа елиминација во осминафиналето од Лигата на шампионите, „старата дама“ го победи Лион со 2:1 но тоа не беше доволно да се пласираат во наредната рунда.

Италијанските медиуми се убедени дека ова беше клучен натпревар за Маурицио Сари и дека после овој неуспех ќе добие отказ.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Наводно, веќе е направена листа на потенцијални кандидати, а еден од нив би требало да го замени на клупата на Јувентус.

Три кандидати во медиумите се споменуваат како можни наследници, тоа се: Маурисио Покетино, Симоне Инзаги и Серхио Консесисао. Покетино е без работа откако го напушти Тотенхем и сигурно дека би било интересно да го гледаме на клупата на италијанскиот гигант.

Симоне Инзаги во овој момент е тренер на Лацио и одлично работи затоа што долго време беше сериозен конкурент на Јувентус, додека Консесиао е тренер на Порто.

Останува да видиме дали Сари наскоро ќе остане без работа и ако тоа се случи кој ќе го замени на таа позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тежок удар за Флик: Барселона остана без еден од најважните и тоа за „Ел Класико“!

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски постигна втор гол за конечен триумф на својот тим во г…