Дома Фудбал Сари остана без уште еден важен фудбалер!

Сари остана без уште еден важен фудбалер!

После повредата на Ходсон Одој, тренерот на Челзи Маурицио Сари остана без уште еден важен фудбалер до крајот на сезоната.

Имено, Антонио Рудигер се повреди за време на саботното дерби против Манчестер Јунајтед и за него сезоната е завршена.

Рудигер има проблем со менискусот на коленото и според информациите од Челси, тој заминал во Рим, каде што ќе му биде извршена операцијата.

Германецот сезоната има одиграно 44 натпревари за Челзи во сите натпреварувања. До крајот на сезоната Челзи го очекува битка за Топ 4 во Премиер лигата, но и полуфинален дуел во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Казнетиот „Пољуд“ нема да молчи: 8.000 деца ќе навиваат за Хајдук

УЕФА дозволи најмладите да бидат на трибините против Синт Тројден, иако Хајдук мора да одр…