Дома Фудбал Само реми за Македонија против Фарски Острови 🎥

Само реми за Македонија против Фарски Острови 🎥

Maкедонската фудбалска репрезентација не успеа да слави победа и одигра само 1:1 на гостувањето кај Фарски Острови.

Од самиот почетокот не тргнавме добро и домаќините поведоа со голот од пенал на дефанзивецот Давидсен.

Имавме голема прилика преку Чурлинов да израмниме во 19. минута кога го помина и противничкиот голман, но беше изблокиран од противничките дефанзивци.

На пауза домашната селекција замина со предност. До израмнување стигнавме на стартот од вториот дел кога сега ние добивме пенал, а во гол го претвори Барди.

До крјот бевме подобра селекција на теренот, создавоме неколку одлични прилики, а најголемата ја пропушти Ќамили.

За три дена Македонија ја чека натпреварот од второто коло во кое на домашен терен ќе се соочиме со Ерменија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џилберти од Наполи меѓу 22-та повикани за двата теста со Србија

Македонската селекција до 15 години ќе ја пречека Србија на 24 и 26 ноември во Скопје. Сел…