Дома Фудбал Англија Само на „Енфилд“ и „Олд Трафорд“ навивачите нема да гледаат снимка од ВАР

Само на „Енфилд“ и „Олд Трафорд“ навивачите нема да гледаат снимка од ВАР

Aнглискиот фудбал од наредната сезона повеќе нема да биде ист.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалската асоцијација на Англија конечно ќе им се придружи на останатите големи првенства и од наредната сезона во Премиер лигата судиите ќе имаат помош од ВАР технологијата.

Премиер лигата вчера потврди дека навивачите на стадионите ќе можат да ги видат судиските одлуки на судиите бидејќи снимката на спорниот детал ќе се прикаже на големите екрани.

„Премиер лигата одлучи на големите екрани да се објасни ВАР одлуката. Гледачите покрај тоа истото видео може да го гледаат преку апликација на својот мобилен телефон. За клубовите кои немаат големи екрани на стадионите, ВАР ќе биде во вид на порака на семафорите“, соопштено е од Фудбалската асоцијација на Англија.

Меѓутоа неверојатно звучи тоа дека само на „Енфилд“ и „Олд Трафорд“ гледачите не ќе можат да ја гледаат спорната ситуација.

Причината е единставна. Овие два стадиони не поседуваат големи екрани, туку само обични семафори и навивачите на овие тимови ќе нема да можат да ја гледат видео анализата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Срамен потег на Молина: Родри тргна да слави, тој го удри без потреба – му порачаа да не се враќа во Шпанија! (Видео)

Покрај победата на Шпанија во вчерашното финале по продолженија тема во денеска во медиуми…