Дома Фудбал Италија Само Мбапе е пред Патрик Кутроне!

Само Мбапе е пред Патрик Кутроне!

Големото откритие на Милан оваа сезона, Патрик Кутроне не престанува да воодушевува со своите настапи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Младиот напаѓач е прв стрелец на „росонерите“ оваа сезона и ја оправдува довербата од Џенаро Гатузо.

Кутроне постигна два гола на гостувањето кај СПАЛ и со тоа стана вториот најдобар фудбалер до 20 години во Европа.

Единствено Килијан Мбапе е со подобри показатели од напаѓачите во Топ 5 европските првенства. Францускиот репрезентативец оваа сезона со сега има постигнато 15 гола во сите натпреварувања, а Кутроне има точно 12 погодоци.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе спремил нов договор за 19-годишниот напаѓач со значително зголемување на платата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Паника во Аргентина, а причината е – Лионел Меси (Видео)             

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси синоќа запиша две асистенции за Интер Мајами во победат…