Дома Фудбал Само Марадона бил повеќе фаулиран од Меси на Мундијалите

Само Марадона бил повеќе фаулиран од Меси на Мундијалите

Лионел Меси успеа да ја однесе Аргентина до полуфиналето на Светското првенство каде што „гаучосите“ ќе играат со Хрватска.

На патот до полуфиналето Меси стана и вториот најфаулиран играч во историјата на Светските првенства.

Добро се знае колкава е важноста на Меси за Аргентина, па поради тоа, но и со неговиот стил на игра е честа мета на противничките фудбалери. Според „Опта“ откако се мери статистика на Светските првенства Меси е вториот најфаулиран играч на Мундијалите.

Пред Меси е само неговиот легендарен сонародник, Диего Армандо Марадона. Меси е е фаулиран 65 пати, додека Марадона е далеку пред него со 152. Зад Меси се Жаирзињо, Нејмар и Кристијано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонските младинки со 20 фудбалерки ќе бркаат враќање во Лига А

Кирил Изов го избра составот за квалификацискиот турнир во Стара Пазова. Македонија ќе се …