Дома Фудбал Англија Само два позитивни теста: Премиер лигата започнува со групни тренинзи

Само два позитивни теста: Премиер лигата започнува со групни тренинзи

Во Премиер лигата се направени 996 тестови, од кои два примерока се позитивни. Меѓу тестираните се фудбалерите, тренрите и сите нивни помошници, како и сите вработени во клубовите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Два позитивни случаи се од различни тимови. Ова е втор колективен тест кој е извшрен, а во првиот од 748 лица, шест беа позитивини на КОВИД-19.

Раководството на Премиер лигата доби зелено светло од здравствените власти во Англија, на екипите да им дозволат групни тренинзи без контакти на нив.

Премиер лигата е прекината на 13. март, а до крајот на сезоната треба да се одиграат уште девет кола или вкупно 92 натпревари, а во медиумите се шпекулира дека сезоната ќе продолжи на 12 јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Деко се врати од Англија во Барселона: Доби големо „ДА“ од одличен напаѓач

Спортскиот директор на Барселона, Деко, престојуваше во Лондон, каде што имаше средба со а…