Дома Фудбал Германија Салихамиџиќ: Разговарав со Левандовски и му објаснив

Салихамиџиќ: Разговарав со Левандовски и му објаснив

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, откри дека разговарал со Роберт Левандовски, кој јавно потврди дека сака да го напушти клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Левандовски изјави дека неговата ера во Баерн е завршена и сака да си оди, иако има договор на уште една година.

„Роберт ми се јави во понеделникот. Меѓу другото, разговаравме за неговите јавни изјави. Јас јасно го објаснив нашиот став за неговата ситуација околу договорот. Нашата одлука е тој да остане“, изјави Салихамиџиќ.

Во Баерн упорно тврдат дека немаат намера да го пуштат Левандовски ова лето и ја одбија понудата од Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…